Карактеристики на производот:
Дојде летото, а со него и убавите сончеви топли денови. Сакате да поминувате време на отворено, во вашиот двор, на прошетка, во парк, на пикник, да спортувате и да се релаксирате и уживате.
Но, повеќето летни денови се толку жешки – што е крајно неподносливо! Дали и вам летните горештини ви ја одземаат енергијата? Дали постојано барате сенка, ладен пијалак или начин да се освежите?
Со жешкото сонце, високите температури и долгите летни денови престојот на отворено станува вистински предизвик.
Доволни се само неколку минути надвор за да почувствувате замор, непријатност и недостаток на енергија. Се движите и седите под сенка, но не се разладувате ….повторно е жешко и се потите. Често пати е толку жешко да дури и не ви се излегува надвор.
А токму летото е сезоната кога најмногу сакаме да бидеме надвор. Излети, патувања, кампувања, риболов, денови покрај езеро или море, дружења во природа и безброј активности на отворено.
И се прашувате што да направите на оваа неподнослива горештина?
Outdoor Summer Set е супер функционален и незаменлив сет за пријатен и релаксиран летен престој на отворено!
Без разлика дали одите на прошетка, викенд во природа, семеен пикник, риболов, кампување, на плажа или едноставно сакате да уживате во секојдневни активности на отворено, Outdoor Summer Set секој момент поминат на отворено го прави вистинска летна релаксација.
Со Outdoor Summer Set секогаш сте подготвени да уживате во пријатна свежина и разладување во секоја летна авантура каде и да одите.
Во сетот добивате Easy Sun Hat вашиот омилен летен додаток!
Оваа лесна и удобна капа е исклучително пријатна за носење во жешките летни денови. Easy Sun Hat ви дава пријатна сенка на лицето и ефикасно ве штити од летното сонце. Изработена е од лесен и дишлив материјал и не создава дополнителна жештина дури и при долготрајно носење.
Во топлите летни денови Easy Sun Hat е совршен и незаменлив додаток за секојдневни прошетки, патувања, плажа, планинарење, кампување, одмор покрај вода и секојдневни активности на отворено.
Едноставен за одржување, не ја губи формата при долготрајна употреба и не создава чувство на непријатност дури и кога се носи повеќе часови во текот на денот.
Практичниот дизајн на Easy Sun Hat овозможува лесно комбинирање со различни стилови на облека, додека изгледот одговара на сите генерации.
Лесен за носење и комбинирање со очила за сонце и други летни аксесоари Easy Sun Hat е задолжителен додаток за секој што сака да ужива во летото. Идеален е за луѓе кои често се во движење и сакаат едноставно и удобно решение за заштита од сонце.
Во овој сет добивате и еден пар Sun Luxe View очила за сонце за максимална заштита и совршен комфор на вашите очи!
Дали сте подготвени да го доживеете сонцето на сосема нов начин?
Sun Luxe View очилата го елиминираат отсјајот на сончевата светлина од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата. Со нив гледате чисто и јасно, не ви пречи ниту сонцето ниту отсјајот и не ги напрегате очите. Со Sun Luxe View очилата имате целосна UV 400 заштита! Вашите очи се максимално безбедни и заштитени од UVA и UVB зраци дури и за време на најинтензивното сончево зрачење.
Освен што обезбедуваат сигурна заштита во текот на целиот ден Sun Luxe View очилата веднаш привлекуваат внимание и внесуваат доза на луксуз, самодоверба и стил во секој ваш ден.
Рамката е издржлива, лесна и флексибилна и се максимално пријатни за секојдневно долго носење.
Нивниот дизајн ги прави погодни и за мажи и за жени од сите возрасти. Непречено прилегаат на различни форми на лице и совршено се комбинираат со секој стил на облекување и во секоја прилика. Со впечатлив и модерен дизајн, Sun Luxe View се вистински избор за сите кои сакаат да изгледаат елегантно и атрактивно.
Лесни, удобни и неверојатно атрактивни Sun Luxe View се идеални за прошетки,возење, патувања, плажа и сите активности на сонце.
Sun Luxe View очила – модерен изглед и сигурна заштита на очите во сончевите летни денови.
Во Outdoor Summer Set добивате и Chill Mate Instant Cooling Towel, феноменална крпа за разладување!
Chill Mate крпата за разладување е дизајнирана на сосема природен начин да ја намали температурата на кожата и телото за неколку степени и едноставно ви е неопходна во летниот период на големи горештини.
Потребно е само да ја намокрите крпата со вода и таа веднаш станува многу постудена од надворешната температура, додека на допир се чувствува сува.
Ја ставате околу вратот и уживате во пријатно разладување и свежина во секое време, каде и да одите!
Chill Mate ја задржува влагата неколку часа, а ефектот на разладување се одржува цело време. Потоа за да го вратите ефектот на разладување за наредни неколку часа, едноставно повторно намокрете ја крпата.
Chill Mate може да ја користите, како надвор така и дома. Каде и да сте секогаш сте пријатно разладени и освежени. Без разлика дали сте дома, на прошетка, во градината, на базен, на плажа, на скара, додека готвите, јадете или спортувате.
Идеална е како за возрасни така и за деца, апсолутно безбедна и погодна за лица со чувствителна кожа.
Направена е од високотехнолошки материјал, се пере во машина за алишта и останува ефикасна и по долготрајна употреба.
Освен за разладување Chill Mate е неверојатно корисна и за елиминирање на замор и болки. Само завиткајте ја околу раката, ногата, главата и ќе почувствувате моментално олеснување.
И на крај во овој сет го добивате и феноменалниот Cool to Go, безжичен подвижен разладувач е идеален за неверојатно пријатно разладување кога сте надвор или во движење!
Cool to Go користи напредна Cool – Chill технологија на разладување и е генијален, апсолутно безжичен разладувач кој го носите со вас каде и да одите.
Специјалниот ротирачки механизам на Cool to Go вовлекува топол воздух, го влече нагоре, го разделува и претвора во ладен воздух. Воздухот повторно излегува надвор како пријатно ладење. Резултат – секогаш сте разладени и освежени и се чувствувате апсолутно пријатно.
Cool to Go има три нивоа на брзина на разладување. Може да го прилагодувате според вашите потреби и ќе ве разладува точно колку што ви треба.
Флексибилниот полукружен дел на Cool to Go е направен од висококвалитетен, но истовремено екстра мек материјал и е совршено удобен за носење. Едноставно го прилагодувате на вашиот врат и дури и не чувствувате дека го носите. Само ставете го околу вратот и уживајте во неповторливото освежувачко разладување.
Cool to Go едноставно се полни преку УСБ кабел. Нема никаква потреба од постојано менување батерии, а вградената долготрајна литиум-јонска батерија трае повеќе часови со само едно полнење.
Само го ставате околу вратот и уживате во неверојатно удобно разладување во секое време и каде и да одите.
Најдоброто е што не мора да го држите во раце. Рацете секогаш ви се слободни да правите што сакате, а вие постојано сте пријатно освежени.
Со Cool to Go, секогаш имате неверојатно ефикасен личен разладувач каде и да одите.
Пазете се од неквалитетни имитации кои не го даваат посакуваниот ефект!
Колку и да е жешко…
Само ставете го околу вратот…. вклучете го…,
И добивате неповторливо освежувачко разладување.
Ултра лесен, супер удобен и тотално стилски ве освежува и ве одржува пријатно разладени во секое време и на секое место.
Лесно го чистите само со влажна крпа, гарантирано долго ќе го користите и ќе бидете презадоволни.
Без разлика каде сте, со Cool to Go секогаш сте пријатно разладени и освежени.
На плажа, на базен, во кафуле, во ресторан, во дворот, додека правите скара, додека јадете, додека шетате или спортувате, додека готвите или на каучот.
Апсолутно насекаде со Cool to Go!
Сетот содржи:
1 х Easy Sun Hat
1 х Sun Luxe View
1 х Chill Mate Instant Cooling Towel
1 x Cool to Go



















































Reviews
There are no reviews yet.