Kaрактеристики на производот:
Летата стануваат сè пожешки и пожешки. Температурите растат и жештината е неподнослива!
Беспомошни сте, се потите, се чувствувате изморено, без енергија, постојано барате начин да се разладите, а ништо не ви помага!
Летните жештини се навистина исцрпувачки. Високите температури, силното сонце и топлиот воздух создаваат чувство на тежина, замор и непријатност во текот на целиот ден.
Кога жештината ќе се вовлече во домот, автомобилот или работното место, секојдневните обврски стануваат потешки, а желбата за освежување е поголема од кога било. Постојаното потење и недостатокот на свежина лошо влијаат и на расположението и на концентрацијата.
Наместо да се чувствувате исцрпено и без енергија, сега можете да имате пријатно чувство на свежина во секој момент од денот.
Refresh Summer Set е функционален и неверојатно практичен сет за летно освежување преку цел ден!
Со Refresh Summer Set во жешките летни денови ќе се чувствувате посвежо, поудобно и порелаксирано без разлика дали сте дома, на работа, на патување или на одмор.
Кога температурите се највисоки и кога телото најмногу копнее по разладување со овој сет секогаш имате чувство на леснотија и освежување.
Наместо постојано да барате начин да избегате од жештината, со Refresh Summer Set ќе уживате во пријатна свежина и разладување каде и да се наоѓате.
Не дозволувајте летните горештини да ви го расипат денот.
Во сетот добивате Cooling Bag супер функционална и практична торба за разладување!
Дали ви се случува пијалоците да се загреат само неколку минути по излегувањето од дома? Или храната да ја изгуби свежината додека сте на плажа, на пикник или на пат?
Cooling Bag е супер практична торба за разладување што ќе ви го промени начинот на кој ги носите храната и пијалоците во лето. Заборавете на загреани пијалоци и сварена храна. Во жешките летни денови Cooling Bag ги одржува вашите пијалоци и намирници свежи и пријатно ладни!
Без разлика дали сте на плажа, кампување, риболов, патување или едноставно сакате ладен пијалок во текот на денот, Cooling Bag е вашето идеално решение. Благодарение на квалитетниот термоизолациски слој, содржината останува ладна и свежа со часови. Компактна, но доволно пространа, собира сè што ви е потребно. Изработена е од издржливи материјали, рачки кои се удобни и овозможуваат лесно носење каде и да одите. Затворањето е сигурно и одржува стабилна температура подолго време. Ова не е обична торба – ова е вашето летно решение за свежина во движење!
Без разлика каде сте, Cooling Bag ви дава сигурност дека сè останува свежо и разладено. Стилска, практична и неопходна во летните денови, Cooling Bag е незаменлив додаток за секоја летна авантура! Уживајте во свежина каде и да одите со Cooling Bag!
Во овој сет добивате и Summer Fresh Bottle – практично и корисно решение за постојано освежување во летните горештини!
Summer Fresh Bottle е неверојатно практично шише за сите кои сакаат освежителниот напиток секогаш да им биде при рака. Без разлика дали сте на работа, во автомобил, на одмор или во прошетка, Summer Fresh Bottle ви дава освежување во текот на целиот ден. Неговиот модерен изглед и функционален дизајн го прават одличен избор за секојдневна употреба. Совршено е за вода, ладни напитоци, или домашни освежителни пијалоци. Лесно се носи, едноставно се користи и е идеално за современиот начин на живот. Заборавете на купување пластични шишиња секој ден. Наполнете го еднаш и уживајте во свежа вода или друг напиток во текот на целиот ден.
Во период на летните жештини кога хидратацијата е особено важна, Summer Fresh Bottle ви помага секогаш да имате доволно течности со себе. Практичен производ со кој секогаш имате освежување на дофат, каде и да се наоѓате.
Summer Fresh Bottle е изработено од квалитетен и издржлив материјал, подготвено да ве следи во секојдневните активности. Доволно е цврсто за честа употреба, а истовремено лесно и практично за носење каде и да одите. Има сигурно затворање, можете безгрижно да го носите во торба или ранец без страв од протекување. Без разлика дали сте во автомобил, на работа, на плажа или на прошетка, можете да сметате на него секој ден. Лесно се одржува, а тоа го прави одличен избор за оние кои сакаат практични производи што навистина се користат. Едноставно, Summer Fresh Bottle гарантирано ве освежува во текот на целото лето.
Во Refresh Summer Set добивате и еден пар еден пар феноменални Sun Protect Cooling Sleeves! Овие заштитни ракави ве штитат од сонцето со UPF50+ заштита и истовремено ве разладуваат со што постојано чувствувате пријатна свежина додека ги носите.
Sun Protect Cooling Sleeves не се обични ракави – тие се вашата секојдневна заштита од сонце.
Изработени со специјална технологија, овие ракави блокираат над 99% од штетните UV зраци и ја штитат вашата кожа од изгореници, стареење и оштетување. Материјалот е пријатен, тенок и дише, па вашата кожа останува ладна и свежа – дури и во најжешките денови. Нема потење. Нема лепење. Само пријатно чувство на свежина.
Одржувањето е едноставно и практично. Sun Protect Cooling Sleeves лесно се перат рачно или во машина на ниска температура и брзо се сушат. Материјалот ја задржува својата еластичност и удобност дури и по повеќекратни перења. Само исперете ги, оставете ги кратко да се исушат и повторно уживајте во нивната заштита и ефект на разладување.
Модерниот дизајн и универзална големина ги прави Sun Protect Cooling Sleeves совршени и за мажи и за жени од сите возрасти! Тие се незаменлив додаток во лето при сите активности на отворено – пешачење, возење велосипед или автомобил, уживање на плажа или одмарање во дворот.
И на крај во овој сет го добивате и неповторливиот Go Fan – моќен, практичен и пренослив мини вентилатор кој го носите со себе каде и да сте!
Од сега најсвежото и најпријатното место е точно онаму каде што сте вие и неверојатниот Go Fan!
Go Fan е супер моќен вентилатор со минијатурна големина. Со него сте освежени и разладени каде и да се наоѓате.
Компактен, лесен, безжичен и неверојатно ефикасен.
Go Fan работи на литиум-јонска батерија, се полни брзо и ве разладува тогаш кога ви е најпотребно. Во секое време, на секое место.
Заборавете на гломазнитe вентилатори и разладни уреди со заплеткани кабли.
Без разлика дали сте дома, во кујна, во канцеларија, во гаража, во двор, во автомобил или пак сте во движење на прошетка Go Fan секогаш ве освежува и разладува.
Go Fan користи Smart Spin технологија и ротира за 360 степени во сите насоки горе, долу, лево, десно.
За разлика од другите статични вентилатори кои треба да ги преместувате, уникатниот Go Fan го насочувате токму онаму каде што имате потреба, без да го поместувате.
Со неверојатни 3.800 вртежи во минута, Go Fan е посилен од повеќето големи вентилатори!
Пазете се од неквалитетни имитации кои не го даваат посакуваниот ефект!
Лесно се полни преку УСБ кабел, а неговата вградена литиум-јонска батерија трае повеќе часови со само едно полнење! Со Go Fan нема веќе менување батерии, ниту заплеткани кабли.
Моќен е како големите уреди за разладување и супер лесен за ракување. Неговата јачина е прилагодливата и сами го одбирате интензитетот на ладење.
Користете го вашиот Go Fan на неговиот држач или пак со неговата вградена штипка прикачете го каде и да ви треба.
Во канцеларија, во спална соба, на плажа Go Fan секогаш ве освежува и разладува. Идеален за жешките летни денови.
Обичните вентилатори се гломазни, бучни и трошат многу струја. За разлика од нив, неверојатниот Go Fan е мал, компактен, тивок и работи повеќе часови без престан со само едно полнење.
Тој е едноставно совршен и тоа не само за внатрешни простории, туку и за надвор.
Сетот содржи:
1 x Cooling Bag
1 x Summer Fresh Bottle
1 x Sun Protect Cooling Sleeves
1 х Go Fan

















































Reviews
There are no reviews yet.