Kарактеристики на производот:
Летните жештини се навистина исцрпувачки. Високите температури, силното сонце и топлиот воздух создаваат чувство на тежина, замор и непријатност во текот на целиот ден.
Сакате да поминувате време на отворено, да уживате во вашиот двор или во работата во вашата градина, но со жешкото сонце и високите температури престојот во дворот станува исцрпувачки. Доволно е кратко време да сте во дворот за да почувствувате замор и непријатност.
Со супер практичниот Summer Garden Set едноставно уживајте во секој момент поминат во дворот или градината преку целото лето!
Без разлика дали садите цвеќиња, одгледувате зеленчук, го одржувате тревникот или едноставно го разубавувате и уживате во дворот, Summer Garden Set ви нуди сè што ви е потребно за потполно летно уживање во дворот!
Во овој сет добивате еден пар Sun Luxe View очила за сонце за максимална заштита и совршен комфор на вашите очи!
Дали сте подготвени да го доживеете сонцето на сосема нов начин?
Sun Luxe View очилата го елиминираат отсјајот на сончевата светлина од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата. Со нив гледате чисто и јасно, не ви пречи ниту сонцето ниту отсјајот и не ги напрегате очите. Со Sun Luxe View очилата имате целосна UV 400 заштита! Вашите очи се максимално безбедни и заштитени од UVA и UVB зраци дури и за време на најинтензивното сончево зрачење.
Освен што обезбедуваат сигурна заштита во текот на целиот ден Sun Luxe View очилата веднаш привлекуваат внимание и внесуваат доза на луксуз, самодоверба и стил во секој ваш ден.
Рамката е издржлива, лесна и флексибилна и се максимално пријатни за секојдневно долго носење.
Нивниот дизајн ги прави погодни и за мажи и за жени од сите возрасти. Непречено прилегаат на различни форми на лице и совршено се комбинираат со секој стил на облекување и во секоја прилика. Со впечатлив и модерен дизајн, Sun Luxe View се вистински избор за сите кои сакаат да изгледаат елегантно и атрактивно.
Лесни, удобни и неверојатно атрактивни Sun Luxe View се идеални за прошетки,возење, патувања, плажа и сите активности на сонце.
Sun Luxe View очила – модерен изглед и сигурна заштита на очите во сончевите летни денови.
Во Summer Garden Set добивате и Easy Sun Hat вашиот омилен летен додаток!
Оваа лесна и удобна капа е исклучително пријатна за носење во жешките летни денови. Easy Sun Hat ви дава пријатна сенка на лицето и ефикасно ве штити од летното сонце. Изработена е од лесен и дишлив материјал и не создава дополнителна жештина дури и при долготрајно носење.
Во топлите летни денови Easy Sun Hat е совршен и незаменлив додаток за секојдневни прошетки, патувања, плажа, планинарење, кампување, одмор покрај вода и секојдневни активности на отворено.
Едноставен за одржување, не ја губи формата при долготрајна употреба и не создава чувство на непријатност дури и кога се носи повеќе часови во текот на денот.
Практичниот дизајн на Easy Sun Hat овозможува лесно комбинирање со различни стилови на облека, додека изгледот одговара на сите генерации.
Лесен за носење и комбинирање со очила за сонце и други летни аксесоари Easy Sun Hat е задолжителен додаток за секој што сака да ужива во летото. Идеален е за луѓе кои често се во движење и сакаат едноставно и удобно решение за заштита од сонце.
И на крај во овој сет го добивате и неверојатниот Magic Hose – саморастегливо црево кое не се заплеткува, не се превиткува, не се кине и е апсолутно отпорно на сите надворешни влијанија!
Magic Hose заштедува време и енергија. Тоа е лесно, неверојатно практично и зафаќа многу мал простор!
Едноставно Magic Hose е сè што не е типично црево за наводнување!
Компактно, лесно, саморастегливо до три пати од неговата должина, има силен притисок на вода, никогаш не се заплеткува, водата не се прекинува и на крај самостојно се враќа во првобитната положба.
Заборавете на стариот начин на работа со тешки, непрактични црева кои постојано се заплеткуваат и водата се прекинува.
Кога ќе ја пуштите водата, Magic Hose автоматски само се проширува и растега до три пати од неговата должина, обезбедувајќи постојан и силен притисок на водата за време на наводнувањето.
Никогаш не се заплеткува и водата не се прекинува!
Кога ќе ја исклучите водата, цревото магично се враќа и собира во својата првобитна положба, без да се заплетка или да се оштети.
Лесно се складира и не зазема простор во вашата градина или двор.
Magic Hose е направен од комбинацијата на лесен, но издржлив материјал за самото црево и исклучително цврстите материјали на конекторите. Дизајниран е со иновативна технологија на заптивање, која обезбедува совршено затегнати и сигурни споеви од двете страни на цревото. Оваа технологија гарантира дека цревото ќе остане целосно херметички затворено, спречувајќи било какво протекување на вода и обезбедувајќи постојан и стабилен притисок на водата.
Самото црево на фантастичниот Magic Hose е изработено во два слоја, токму како противпожарно црево. Внатрешната обвивка на цревото е направена од научно развиениот и докажан еластомер кој се шири под притисок на вода, додека надворешната обвивка е дизајнирана да го заштитува цревото од триење. Magic Hose е направено од исклучително цврсти и издржливи материјали и може да издржи многу поголемо оптоварување од обичните црева за вода. Исто така отпорен е на УВ зрачење и на други надворешни влијанија.
Magic Hose е висококвалитетно и многу издржливо црево, отпорно на надворешни влијанија и овозможува долгогодишна употреба без никакви проблеми.
Неверојатно е лесен за употреба, дури и децата можат да го употребуваат сосема лесно и безбедно!
Сè што треба да направите е да ја пуштите водата во магичното црево, и тоа автоматски само ќе се растегне до три пати од неговата должина, дозволувајќи ви без напор да го водите до местото каде што треба да наводнувате. Кога ќе завршите со наводнувањето, само исклучете ја водата и Magic Hose автоматски ќе се врати во својата првобитна големина и положба, спремно за лесно складирање.
Без никакви заплеткувања, без превиткување – се собира самостојно!
Magic Hose ја прави работата со наводнување едноставна, брза и пријатна за сите, без разлика на возраста.
Со Magic Hose го добивате и Water Gun пиштолот за вода кој совршено одговара на вашиот Magic Hose!
Water Gun пиштолот за вода е фантастичен мултифункционален додаток за наводнување, туширање, миење, па дури и чистење. Со неговите вградени различни млазници имате практично неограничени можности за користење! Додадете го на вашиот Magic Hose, поместете ја рачката и изберете ја саканата млазница. За разлика од обичните прскалки за црева овој пиштол го зголемува притисокот на вода! Со него освен наводнувањето на тревникот, цвеќињата или градината, ефикасно можете да ги измиете плочките во дворот или оградата, па дури и да ги туширате вашите миленици. Само свртете ја главата и изберете ја соодветната млазница.
Сетот содржи:
1 х Sun Luxe View
1 x Easy Sun Hat
1 x Magic Hose
1 x Water Gun











































Reviews
There are no reviews yet.