Карактеристики на производот:
Летниот период е како создаден за релаксирано поминување на време на отворено, едноставно за уживање. Но, сигурно сте почувствувале додека престојувате на отворено дека силната сончева светлина ви пречи, ве деконцентрира и ви го заматува видот. Многу пати кога возите на сончево време не гледате јасно. При обична прошетка во сончеви денови постојано ги напрегате очите, се чувствувате исцрпено, нервозно, а на крајот на денот имате и главоболка.
Сончево време е идеално за релаксација на отворено, но колку и да е убаво многу често пречи на видот.
Силната сончева светлина и отсјајот што се рефлектира од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата не е само моментална непријатност, туку има и сериозно влијание врз здравјето на вашите очи.
Прекумерната изложеност на сонце, без соодветна заштита, доведува до оштетување на очите, но и до забрзано стареење на нежната кожа околу очите и кожата воопшто.
Smart View HD Vision очила за сонце се создадени за максимална заштита и совршен комфор на вашите очи!
Smart View HD Vision очила за сонце користат напредна технологија на поларизирани леќи, наменета за професионалци од различни области – пилоти, планинари, возачи на трки, фотографи. Овие леќи, целосно го елиминираат отсјајот на сончевата светлина од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата. Со нив гледате чисто и јасно, не ви пречи ниту сонцето ниту отсјајот и не ги напрегате очите. А боите, тие веќе не се заматени, туку ги гледате кристално јасно во нивна оригинална нијанса и контраст.
Висококвалитетните поларизирани леќи на Smart View HD Vision очилата ви даваат целосна UV 400 заштита! Сите штетни UVA и UVB зраци, кои предизвикуваат оштетување на очите и предвремено стареење на кожата околу очите, се блокирани. Со Smart View HD Vision очилата вашите очи и нежната кожа околу нив се максимално заштитени и безбедни дури и за време на најинтензивното сончево зрачење. Со нив сонцето не ви пречи, не сте заслепени и се околу вас гледате чисто и јасно!
Smart View HD Vision очилата се разликуваат од сите други очила за сонце! Висококвалитетните леќи Smart View HD Vision очилата се и адаптивни леќи и автоматски се прилагодуваат на интензитетот на светлината околу вас. За разлика од другите очила за сонце Smart View HD Vision може да ги носите и на силна сончева светлина, на облачно време, па дури и во затворен простор без да ги вадите.
Леќите на Smart View HD Vision автоматски ја прилагодуваат својата нијанса и обезбедуваат оптимална видливост и заштита во сите услови и во секој момент – без потреба од вадење или менување очила.
И најдоброто! Smart View HD Vision очилата за сонце имаат уникатен дизајн и можете да ги носите дури и врз вашите очила со диоптрија без да ви пречат или да ја оштетат рамката на очилата со диоптрија.
Рамката на Smart View HD Vision е неверојатно лесна и флексибилна и со нив максималната удобност е загарантирана дури и по цел ден носење.
Современи, елегантни и дискретни, погодни и за мажи и за жени, Smart View едноставно одговараат на секој стил и секоја пригода!
Smart View HD Vision:
- поларизирани леќи кои го елиминираат отсјајот
- целосна UV 400 заштита и на најсилното сонце
- се прилагодуваат на интензитетот на светлината околу вас
- може да ги носите и врз вашите очила со диоптрија
- елегантни и современи, одговараат на сечиј стил
Smart View HD Vision очила за сонце гарантирано најдобра заштита на вашите очи, современ и елегантен изглед и кристално чист и јасен поглед!
Со сетот од два пара Smart View HD Vision очила за сонце добивате и и Easy Sun Hat вашиот омилен летен додаток каде и да одите!
Оваа лесна и удобна капа е исклучително пријатна за носење во жешките летни денови. Easy Sun Hat ви дава пријатна сенка на лицето и ефикасно ве штити од летното сонце. Изработена е од лесен и дишлив материјал и не создава дополнителна жештина дури и при долготрајно носење.
Во топлите летни денови Easy Sun Hat е совршен и незаменлив додаток за секојдневни прошетки, патувања, плажа, планинарење, кампување, одмор покрај вода и секојдневни активности на отворено.
Едноставен за одржување, не ја губи формата при долготрајна употреба и не создава чувство на непријатност дури и кога се носи повеќе часови во текот на денот.
Практичниот дизајн на Easy Sun Hat овозможува лесно комбинирање со различни стилови на облека, додека изгледот одговара на сите генерации.
Лесен за носење и комбинирање со очила за сонце и други летни аксесоари Easy Sun Hat е задолжителен додаток за секој што сака да ужива во летото. Идеален е за луѓе кои често се во движење и сакаат едноставно и удобно решение за заштита од сонце.
Во овој комплет добивате и еден пар феноменални Sun Protect Cooling Sleeves! Овие заштитни ракави ве штитат од сонцето со UPF50+ заштита и истовремено ве разладуваат со што постојано чувствувате пријатна свежина додека ги носите.
Sun Protect Cooling Sleeves не се обични ракави – тие се вашата секојдневна заштита од сонце.
Изработени со специјална технологија, овие ракави блокираат над 99% од штетните UV зраци и ја штитат вашата кожа од изгореници, стареење и оштетување. Материјалот е пријатен, тенок и дише, па вашата кожа останува ладна и свежа – дури и во најжешките денови. Нема потење. Нема лепење. Само пријатно чувство на свежина.
Одржувањето е едноставно и практично. Sun Protect Cooling Sleeves лесно се перат рачно или во машина на ниска температура и брзо се сушат. Материјалот ја задржува својата еластичност и удобност дури и по повеќекратни перења. Само исперете ги, оставете ги кратко да се исушат и повторно уживајте во нивната заштита и ефект на разладување.
Модерниот дизајн и универзална големина ги прави Sun Protect Cooling Sleeves совршени и за мажи и за жени од сите возрасти! Тие се незаменлив додаток во лето при сите активности на отворено – пешачење, возење велосипед или автомобил, уживање на плажа или одмарање во дворот.
Сетот содржи:
2 x Smart View HD Vision Sunglasses
1 x Easy Sun Hat
1 x Sun Protect Cooling Sleeves



































Reviews
There are no reviews yet.