Карактеристики на производот:
Летниот период е како создаден за релаксирано поминување на време на отворено, едноставно за уживање. Но, сигурно сте почувствувале додека престојувате на отворено дека силната сончева светлина ви пречи, ве деконцентрира и ви го заматува видот. Многу пати кога возите на сончево време не гледате јасно. При обична прошетка во сончеви денови постојано ги напрегате очите, се чувствувате исцрпено, нервозно, а на крајот на денот имате и главоболка.
Сончево време е идеално за релаксација на отворено, но колку и да е убаво многу често пречи на видот.
Силната сончева светлина и отсјајот што се рефлектира од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата не е само моментална непријатност, туку има и сериозно влијание врз здравјето на вашите очи.
Прекумерната изложеност на сонце, без соодветна заштита, доведува до оштетување на очите, но и до забрзано стареење на нежната кожа околу очите и кожата воопшто.
Smart View HD Vision очила за сонце се создадени за максимална заштита и совршен комфор на вашите очи!
Smart View HD Vision очила за сонце користат напредна технологија на поларизирани леќи, наменета за професионалци од различни области – пилоти, планинари, возачи на трки, фотографи. Овие леќи, целосно го елиминираат отсјајот на сончевата светлина од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата. Со нив гледате чисто и јасно, не ви пречи ниту сонцето ниту отсјајот и не ги напрегате очите. А боите, тие веќе не се заматени, туку ги гледате кристално јасно во нивна оригинална нијанса и контраст.
Висококвалитетните поларизирани леќи на Smart View HD Vision очилата ви даваат целосна UV 400 заштита! Сите штетни UVA и UVB зраци, кои предизвикуваат оштетување на очите и предвремено стареење на кожата околу очите, се блокирани. Со Smart View HD Vision очилата вашите очи и нежната кожа околу нив се максимално заштитени и безбедни дури и за време на најинтензивното сончево зрачење. Со нив сонцето не ви пречи, не сте заслепени и се околу вас гледате чисто и јасно!
Smart View HD Vision очилата се разликуваат од сите други очила за сонце! Висококвалитетните леќи Smart View HD Vision очилата се и адаптивни леќи и автоматски се прилагодуваат на интензитетот на светлината околу вас. За разлика од другите очила за сонце Smart View HD Vision може да ги носите и на силна сончева светлина, на облачно време, па дури и во затворен простор без да ги вадите.
Леќите на Smart View HD Vision автоматски ја прилагодуваат својата нијанса и обезбедуваат оптимална видливост и заштита во сите услови и во секој момент – без потреба од вадење или менување очила.
И најдоброто! Smart View HD Vision очилата за сонце имаат уникатен дизајн и можете да ги носите дури и врз вашите очила со диоптрија без да ви пречат или да ја оштетат рамката на очилата со диоптрија.
Рамката на Smart View HD Vision е неверојатно лесна и флексибилна и со нив максималната удобност е загарантирана дури и по цел ден носење.
Современи, елегантни и дискретни, погодни и за мажи и за жени, Smart View едноставно одговараат на секој стил и секоја пригода!
Smart View HD Vision:
- поларизирани леќи кои го елиминираат отсјајот
- целосна UV 400 заштита и на најсилното сонце
- се прилагодуваат на интензитетот на светлината околу вас
- може да ги носите и врз вашите очила со диоптрија
- елегантни и современи, одговараат на сечиј стил
Smart View HD Vision очила за сонце гарантирано најдобра заштита на вашите очи, современ и елегантен изглед и кристално чист и јасен поглед!
Со сетот од два пара Smart View HD Vision очила за сонце добивате и еден пар специјални Night View очила за ноќно гледање!
Night View очила го елиминираат отсјајот од фаровите, уличните светла, неонските светла и другите светлечки реклами. Со нив ноќе гледате чисто и јасно и сите овие светла едноставно не ви пречат!
Специјалната обвивка на килибарните оптички леќи, ја фиклтрира и блокира сината светлина која предизвикува ноќен отсјај.
Night View очилата ја дифузираат амбиенталната светлина, боите се јасни, го нема отсјајот од ноќните светла и погледот е кристално чист!
Доколку во вечерните часови шетате или возите автомобил, моторцикл или велосипед, со Night View шетањето или возењето по градските улици, но и надвор од градот ќе биде многу полесно, ќе гледате јасно и чисто без напрегање и замор на очите.
Направени се од висококавалитетен материјал, издржливи, отпорни на удари и гребење и траат со години! Night View се најдобар избор за возачи, спортисти, велосипедисти, пензионери, за секој кој сака да гледа подобро ноќе, без заслепувачкиот отсјај на ноќните светла.
Во вечерните часови, во град, надвор од град, при најлоши временски услови или во ведра ноќ Night View едноставно прави сè да биде читливо и јасно!
Сетот содржи:
2 х Smart View HD Vision
1 х Night View

















Reviews
There are no reviews yet.