Карактеристики на производот:
Колку пати сте се нашле во ситуација како оваа? Сечете зеленчук, лупите овошје, готвите… и наеднаш – се е расфрлано!
Лушпи од компир, остатоци од зеленчук, марамчиња, кесички, парчиња храна кои се за фрлање, кантата за ѓубре е далеку, а грбот ве боли од постојаното наведнување.
Кујната е хаотична и неуредна!
Колку и да сте вешти во одржување на хигиената, ваквиот неред во кујна е речиси неизбежен и тоа сигурно ви пречи!
Сакате кујната и работната површина постојано да се уредни, чисти и организирани додека готвите, да нема хаос, да не е се расфрлано и да не морате безброј пати да собирате остатоци и да се навенувате или да одите до кантата за ѓубре!
Извонреден производ, создаден за сите што сакаат да ја поедностават секојдневната рутина.
Attach-A-Trash е иновативен држач за кеси за отпад кој се прикачува директно на вратата или фиоката на кујнскиот елемент!
Едноставно поставете го на раб од фиока или врата на кујнскиот елемент без монтажа, без алати и без бушење!
Со него, нема веќе ќеси закачени на рачки, канти на подот што мора постојано да се отвораат и празнат, или непријатен мирис што се шири низ кујната.
Со ставање на обична кеса за отпад на Attach-A-Trash држачот за само неколку секунди добивате неверојатно практично и корисно решение за отпадоци кое постојано ви е на дофат додека сецкате, лупите или подготвувате јадење. Сите лушпи, кори, остатоци многу лесно паѓаат директно во неа, без расфрлање и без да се поместувате од работната површина.
Додека готвите, веќе не мора да се движите по кујната. Не мора да го прекинувате процесот за да ја фрлите кората од кромид, парчето фолија, или обвивката од кесичка.
Сè оди директно и веднаш таму каде што треба – во ќесата прикачена на Attach-A-Trash.
И најдобро од сè – сето тоа се случува пред вас, без да се наведнувате, без капење и прскање на подот. Без валкани канти. Без допирање на капаци. Без губење време.
Attach-A-Trash е дизајниран за сите кои сакаат уредна, чиста и функционална кујна.
Капакот го претвора Attach-A-Trash држачот во затворена канта за отпадоци, која може да ја поставите каде што најмногу ви одговара. Освен што ја затвора поставената ќеса за отпадоци, ѝ дава уреден изглед и спречува ширење на мириси, капакот на Attach-A-Trash држачот може да ви послужи и како шпатула за полесно и педантно собирање на лушпите и остатоците од работната површина.
Кога ќе завршите, само ја вадите кесата и ја фрлате.
Изработен е од цврста и лесна пластика, отпорна на влага и маснотии.
Attach-A-Trash држачот лесно се чисти, може повторно да се користи и не зафаќа речиси никаков простор.
Извонредно е корисен во помали станови или кујни каде секој сантиметар е важен. Штеди простор и нема потреба од големи канти за ѓубре, а со тоа и од постојано празнење. Заборавете на кревање капаци, влечење тешки канти или наведнување.
Совршено се вклопува во секоја кујна – без оглед дали е модерна, класична или мала со ограничен простор.
Но, Attach-A-Trash не е само за кујната! Може да се користи во секоја просторија!
Во купатило, за хигиенски отпад, памукчиња, амбалажа од козметика или марамчиња.
Во детска соба, за ситен отпад, хартии, расипани играчки, салфетки.
Во работна соба или гаража, за остатоци од хартии, лепила, амбалажи.
Едноставно можете да имате по еден во секоја просторија.
Универзален, компактен и секогаш при рака! Дури можете да го носите со вас на одмор, во викендица или на кампување!
Attach-A-Trash – едноставен, практичен, интелигентен! Еден производ со безброј намени!
Со нашата специјална понуда добивате два Attach-A-Trash подвижни држачи за кеси за отпад!
Со сетот од два Attach-A-Trash добивате и универзална четка за чистење Scrub Brush!
Феноменална алатка за брзо и ефикасно чистење на работната површина во кујна или во било која друга просторија.
Со неа, лушпите, трошките, остатоците од садовите или работната површина во кујната многу лесно, практично и уредно ги отстранувате директно во вашиот Attach – A – Trash.
Освен тоа, Scrub Brush е извонредно корисен за отстранување на ситен отпад, остатоци од хартија или амбалажа, салфетки, марамчиња од работните површини во другите простории.
Компактна, модерно дизајнирана, удобна за користење оваа четка е совршен додаток на вашиот Attach – A – Trash и е идеална за секојдневна употреба.
Сетот содржи:
- 2 x Attach – A – Trash
- 1 x Scrub Brush































Reviews
There are no reviews yet.