ротирачка метла со вградена лопатка + ролер за чистење на мебел + специјално изненадување
1.990,00 ден
Дали и вие секојдневно се соочувате со ист проблем? Само што сте исчистиле… И повторно – трошки на подот. Истурена храна. Влакна од миленици. Песок, прашина, неред.
И тогаш си велите: „За ова ли повторно да ја вадам правосмукалката?“ Тешка, бучна и одзема време! А рачното метење никогаш не собира сè, секогаш нешто останува надвор од лопатката!
Но што ако ви кажеме дека постои многу попаметно решение?
Запознајте го ROTO SWEEP – револуционерната ротирачка метла со вградена лопатка за прашина, која го менува начинот на чистење засекогаш.
Со Roto Sweep, чистењето станува брзо, едноставно и без напор. Толку е практична што моќта за чистење ја имате буквално на дланка.
Погодна е за трошки, прашина, влакна од миленици, песок, храна и друг сув или влажен неред. Без кабли, без кеси и без батерии – секогаш е подготвена за употреба. Безбедна е за плочки, мермер, линолеум и дрвени подови, без гребење и оштетување.
Roto Sweep не е обична метла, туку секојдневно решение за чист дом без напор!
Со Roto Sweep добивате и Furniture Clean Roll – практичен ролер за секојдневно чистење на мебелот. Furniture Clean Roll ефикасно ги отстранува влакната, нечоистотијата и трошките од вашиот мебел во домот. Идеален за секојдевна употреба во секој дом. Со него за неверојарно кратко време речиси без никаков напор вашиот мебел е чист и уреден!
Овој сет вклучува и специјално изненадување – практичен и корисен производ!
мултифункционална електрична безжична четка за чистење + Био Клин Актив 450 гр. + гел за мувла
1.490,00 ден
Дали сте веќе уморни од бескрајното чистење, триење со сунѓер и секогаш имате нешто испуштено? Садовите, шпоретот, рерната, плочките, бањата се и понатаму недоволно исчистени?
Magic Brush 5 во 1 е мултифункционална, електрична, безжична четка дизајнирана да го олесни и убрза чистењето во вашиот дом!
Совршена е за сите површини во домот – од кујната до бањата!
Никогаш повеќе нема да губите време и напор при чистење на загорените маснотии од рерната, на масните површини на шпоретот, или на бигорот кој се наталожил на плочките.
Magic Brush комбинира пет различни функции за чистење во една целина. Со неа лесно и ефикасно можете да чистите различни површини – од садови и мијалник, до шпорет, рерна, плочки и многу повеќе!
Изработена е од висококвалитетен ABS материјал, издржлива е и истовремено лесна за носење.
Magic Brush има ротирачката глава која работи со неверојатни 360 вртежи во минута!
Заборавете на триење со сунѓер и груби хемикалии – Magic Brush го прави чистењето побрзо, поефикасно и без напор!
Со моќниот мотор и брзите ротации, секоја дамка, бигор или загорена маснотија исчезнува за неколку секунди.
Magic Brush е целосно безжична и може да ја користите насекаде во домот, но и надвор од него! Без заплеткани кабли и непотребни компликации – само наполнете ја со УСБ кабел и подготвена е за акција!
Magic Brush ефикасно ги чисти сите површини во вашиот дом: кујна, бања, подови, плочки и многу повеќе. Не само што е идеална за миење садови и мијалник, туку и за чистење на загорени дамки, остатоци од сапун, и за уништување на бигорот и мувлата кои обично се наталожуваат на влажни површини.
Со Magic Brush добивате чистење кое е 3 пати побрзо и 5 пати поефикасно!
Со Magic Brush добивате и едно пакување Bio Clean Active од 450 грама универзално, ултра ефикасно, природно средство за чистење на сите површини!
Bio Clean Active е природно средство за чистење кое ќе ги отстрани сите дамки и нечистотија од вашите површини, без никакви хемиски агенси, и е совршен за вашето здравје и околината.
И како што Magic Brush може да го носите со вас каде и да одите, исто така и ова практично и компактно пакување на Bio Clean Active може да го носите со вас и ефикасно да го исчистите било кој простор во кој одите, било да е тоа вашата викендица, вашата канцеларија или некој друг простор.
Во овој сет добивате и уште еден специјален подарок – неверојатниот Mold Gel гел за отстранување мувла! Овој гел неверојатно ефектно ја отстранува мувлата на места каде што се појавила. Направен е со еколошка формула, не е токсичен, не е корозивен и не е опасен по здравјето!
универзална безжична електрична четка за чистење + Био Клин Актив 450 гр. + гел за мувла
2.490,00 ден
Ова сигурно ви е многу добро познато. Чистите и триете со часови и на крај како ништо да не е вистински чисто. Наместо тоа, имате ужасна болка во грбот. А сакате да имате убав, чист дом без да го напрегате грбот додека чистите. Ги бришете плочките клекнати на колената, или макотрпно чистите со скапи хемикалии со непријатен мирис?
Hurricane Spin Scrubber! Електрична, безжична, водоотпорна, лесна, практична и ултраефикасна четка за чистење на сите површини во домот!
Hurricane Spin Scrubber може да го користите апсолутно на секоја површина, чисто, лесно, неверојатно ефикасно и брзо.
Ефикасноста на Hurricane Spin Scrubber е во неговите три илјади совршено дизајнирани влакна на четката кои без напор ја отстрануваат дури и најтврдокорната нечистотија и тоа со сензационални тристостини вртежи во минута.
Hurricane Spin Scrubber неверојатно го скратува времето на чистење и воопшто не се заморувате, само гледате како нечистотијата едноставно исчезнува.
Hurricane Spin Scrubber го добивате со три различни четки!
Со конусната четка тесните фуги и ќошиња стануваат комплетно чисти за неколку секунди.
Заоблената четката во форма на купола е идеална за мијалници, кади и туш кабини.
А третата екстра широка рамна четка е идеална за подови и ѕидови. Дури и големите незгодни стакла на туш кабината сега веќе не се проблем.
Со три заменливи четки и практичен продолжен држач, стигнете до секој агол без клекнување и истегнување.
Благодарение на неговата висококвалитетна, долготрајна вградена батерија, не мора да купувате батерии или да се мачите со продолжните кабли. Едноставно приклучете го Hurricane Spin Scrubber во штекерот за да се полни. Едно полнење е доволно да го исчистите целиот дом.
Ова е единствената алатка што сите треба да ја имаат, со неа чистите со нула напор и за половина од времето!
Исчистете ја секоја површина во домот лесно, брзо и ефикасно!
Со Hurricane Spin Scrubber добивате и едно пакување Bio Clean Active од 450 грама универзално, ултра ефикасно, природно средство за чистење на сите површини!
Bio Clean Active е природно средство за чистење кое ќе ги отстрани сите дамки и нечистотија од вашите површини, без никакви хемиски агенси, и е совршен за вашето здравје и околината.
Во овој сет добиватеи уште еден специјален производ – неверојатниот Mold Gel гел за отстранување мувла! Овој гел неверојатно ефектно ја отстранува мувлата на места каде што се појавила. Направен е со еколошка формула, не е токсичен, не е корозивен и не е опасен по здравјето!
пренослив уред за отстранување на влакна + уред за обликување за веѓи + склопливо огледало
1.490,00 ден
Дали понекогаш забележувате несакани влакна на лицето – над устата, на брадата или на образите?
И кога сакате да изгледате уредно и негувано, токму тие ви го привлекуваат вниманието?
Дали секојдневно се соочувате со истата борба – пинцети, восок, креми за депилација… болка, иритација, црвенило… и повторно истото по неколку дена?
Lumi Touch Face е исклучително практичен пренослив уред за нежно, безболно и прецизно отстранување на несаканите влакна на лицето.
Идеален е за оние кои сакаат брзо, ефикасно и дискретно решение за несаканите влакна на лицето. Совршен е за жени кои сакаат секогаш да изгледаат негувано, без комплицирани процедури и без губење време.
Lumi Touch Face е компактен, лесен и пренослив. Неговиот елегантен дизајн потсетува на кармин – модерен, стилски и незабележлив. Можете да го користите дома…на работа…во автомобил…на одмор…буквално секаде. Едноставно го ставате во чанта, џеб или несесер и постојано ви е при рака кога и да ви затреба. А резултатот? Мазна, чиста, уредна и негувана кожа на лицето за само неколку секунди!
Lumi Touch Face има специјално дизајнирана ротирачка глава обложена со 18-каратно злато, која е хипоалергенска и нежна дури и за најчувствителната кожа. За разлика од класичните методи кои ја оштетуваат кожата, Lumi Touch Face користи напредна прецизна технологија која внимателно ги отстранува влакната без оштетување на кожата без иритации и без непријатност.
Но, Lumi Touch Face не е наменет само за жени! Неверојатно е практичен и за мажи. Мажите секојдневно го користат за обликување на брадата, отстранување на ситните влакненца на ушите, потстрижување на влакната во носот и на вратот, па дури и за обликување на брадата.
Едноставно Lumi Touch Face го користите кога сакате… дури и секој ден. Тоа значи секогаш мазна кожа, секогаш среден и негуван изглед, секогаш самоуверени. Секогаш кога ќе ви затреба – тој е тука.
Во овој комплет со Lumi Touch Face добивате и Lumi Touch Eye Brows пренослив практичен уред за прецизно обликување на веѓи. Lumi Touch Eye Brows ви дава совршено средени веѓи за само неколку секунди — без болка, без кубење, без одење во салон. Со неговата ротирачка глава обложена со 18-каратно злато Lumi Touch Eye Brows е погоден за сите типови кожа, а со вграденото LED светло можете да ги отстраните влакната и на тешко видливи места. Само го вклучувате, го држите како пенкало и брзо, безболно, нежно и прецизно ги отстранувате несаканите влакна помеѓу, над и под веѓите.... и за само неколку секунди добивате идеално обликувани, уредни и негувани веѓи секој ден, во секое време и на секое место.
Со Lumi Touch сетот добивате и MiniPocket Mirror - дискретно мини склопливо огледало кое совршено се надополнува со овие два производи! Ова дискретно склопливо огледало секогаш е со вас и може да го користите како дома, така и на било кое друго место. Со него многу полесно ќе ги отстраните несаканите влакна на лицето и ќе ги обликувате веѓите во секое време и на секое место.
очила со прилагодлив оптички фокус + мултифункционална цилиндрична перница за релаксација
1.590,00 ден
Дали ви се случува постојано да менувате очила – едни за читање одблизу, други за работа на компјутер, па трети за гледање подалеку? Дали сте уморни од тоа постојано да носите неколку пара очила со себе?
Сега постои решение што ќе ги замени сите тие очила! Flex Focus One Power се револуционерни очила за читање и гледање одблизу или на средно растојание, кои автоматски се прилагодуваат на вашите потреби!
Благодарение на иновативната технологија на научно докажаниот флексибилен оптичи фокус, овие очила автоматски го прилагодуваат фокусот на вашите очи, овозможувајќи ви секогаш да го имате најдобриот и најјасниот поглед.
Flex Focus One Power очила имаат флексибилни, но и издржливи рамки, кои траат со години. Тие не се лесно кршливи, ниту лесно се гребат!
Нивниот дизајн е истовремено класичен и модерен, што ги прави погодни за сите возрасти и стилови.
Овие очила изгледаат одлично на секого и се погодни како за мажи така и за жени!
Едни очила се сè што ви треба!
Со нашата специјална понуда, добивате два пара висококвалитетни Flex Focus One Power очила!
Оваа понуда е совршена за луѓе кои не знаат каде ги оставиле очилата – со Flex Focus One Power, секогаш и секаде ќе ги имате очилата при рака.
Во комплетот добивате и уште еден феноменален производ - Neck and Knee Rest Pillowцилиндрична перница за релаксација на вратот, колената и половината!
Neck and Knee Rest Pillow не е обична перница, туку паметно наменски дизајнирана, цилиндрична перница создадено за максимално опуштање на телото. Неговата анатомска форма обезбедува стабилна и удобна поддршка за вратот, колената или половината, и ефикасно ја намалува напнатоста и притисокот.
Изработена е од висококвалитетен, мек, еластичен и прилагодлив материјал кој нежно се обликува според телото, и дава чувство на неповторлива релаксација.
Совршена е за опуштање на кревет, кауч, фотеља или под, како и за релаксација по долгиот напорен ден или долготрајно седење.
Практична, лесна и мултифункционална – една перница, повеќе начини на користење.
електромагнетен уред против штетници и инсекти 1+1 + магнетна мрежа против инсекти
1.690,00 ден
Дали во вашиот дом наидувате на лебарки, бубачки и инсекти? Во кујна, во купатило, по ѕидовите? Во близина на храната, на вашите деца и домашните миленици? Дали можеби се појавуваат и глувци?
Тоа е страшно! И што правите? Користите опасни хемиски средства, а дома имате деца, храна и домашни миленици, и не сте сигурни дали ќе ја постигнете целта.
Pest Reject Riddex Pest Repeller e неверојатно ефикасен електромагнетен уред против лебарки, бубачки, пајаци, глувци и сите видови инсекти!
Уредот користи дигитална технологија базирана на електромагнетни импулси кои пренесуваат преку жиците во ѕидовите на вашиот дом и на тој начин стигнуваат до местата каде живеат и се размножуваат лебарки, бубачки и други инсекти. Токму под дејство на овие импулси инсектите засекогаш ќе го напуштат вашиот дом.
Други слични уреди работат на батерии кои треба да се менуваат често. Pest Reject Riddex Pest Repeller ја користи електричната инсталација во вашиот дом. Работи 24 часа на ден, 365 дена во годината за да ве заштити вас и вашето семејство.
Само приклучете го уредот во штекерот и заштитете ги вашиот стан, куќа или деловен простор.
Pest Reject Riddex Pest Repeller е апсолутно безбеден и слободно може да се користи во близина на деца и домашни миленици.
Во овој сет, покрај двата уреда против штетници, ќе добиете и Magic Mesh, мрежа против инсекти. Magic Mesh е магнетна мрежа за прицврстување против инсекти што се прикачува на рамката на вратата, без да остава никакви траги. Со тоа, само свеж воздух ќе влезе во вашиот дом. Тајната е во прозрачната ткаенина од мрежа што не дозволува инсектите да влезат во вашиот дом! Ги спречува досадните муви, комарци и други инсекти да влезат во вашиот дом.
Се прикачува за само неколку минутки, без никакви алатки - заштитете се од штетниците на време!
Безбедно уживајте како во домот, така и на терасата или во дворот, без лебарки, бубачки, глувци, но и без здодевните муви, комарци, оси и други инсекти!