ротирачка метла со вградена лопатка + ролер за чистење на мебел + специјално изненадување
1.990,00 ден
Дали и вие секојдневно се соочувате со ист проблем? Само што сте исчистиле… И повторно – трошки на подот. Истурена храна. Влакна од миленици. Песок, прашина, неред.
И тогаш си велите: „За ова ли повторно да ја вадам правосмукалката?“ Тешка, бучна и одзема време! А рачното метење никогаш не собира сè, секогаш нешто останува надвор од лопатката!
Но што ако ви кажеме дека постои многу попаметно решение?
Запознајте го ROTO SWEEP – револуционерната ротирачка метла со вградена лопатка за прашина, која го менува начинот на чистење засекогаш.
Со Roto Sweep, чистењето станува брзо, едноставно и без напор. Толку е практична што моќта за чистење ја имате буквално на дланка.
Погодна е за трошки, прашина, влакна од миленици, песок, храна и друг сув или влажен неред. Без кабли, без кеси и без батерии – секогаш е подготвена за употреба. Безбедна е за плочки, мермер, линолеум и дрвени подови, без гребење и оштетување.
Roto Sweep не е обична метла, туку секојдневно решение за чист дом без напор!
Со Roto Sweep добивате и Furniture Clean Roll – практичен ролер за секојдневно чистење на мебелот. Furniture Clean Roll ефикасно ги отстранува влакната, нечоистотијата и трошките од вашиот мебел во домот. Идеален за секојдевна употреба во секој дом. Со него за неверојарно кратко време речиси без никаков напор вашиот мебел е чист и уреден!
Овој сет вклучува и специјално изненадување – практичен и корисен производ!
моторизиран безжичен уред за педикир + сет за маникир
1.490,00 ден
Испуканите пети се тврди како камен, често предизвикуваат болка и вопшто не изгледаат убаво. Исто е и со тврдата и задебелена кожа на табаните и ножните прсти, па и на рацете. Во лето едноставно не можете да носите елегантни сандали или папучи токму поради лошиот изглед!
Сакате стапалата и рацете да ви бидат меки, мазни и да изгледаат убаво?
Find Back e првиот моторизиран уред за отстранување на сува, тврда и задебелена кожа со вграден вакум!
Со Find Back засекогаш заборавете на испукани и болни пети, на тврдата и задебелена кожа на табаните, ножните прсти па и на рацете! И тоа брзо, ефикасно и апсолутно безбедно!
Бидете задоволни и уживајте во елегантни сандали или папучи ова лето!
Find Back се врти со 2000 вртежи во минута и користи DermaVac технологија со која ја отстранува грубата и сува кожа и истовремено ги вшмукува сите отстранети парчиња и честички.
Уредот има долготрајната батерија која едноставно се полни со УСБ кабел.
Find Back е компактен и безжичен и можете да го носите со вас во чанта или во автомобил за секогаш да ви е при рака кога ви е потребен!
Овој уред има два вида додатоци за отстранување на грубата и сува кожа кои многу лесно се менуваат, како и две нивоа на јачина за совршена нега.
Со Find Back сувата, задебелена и тврда кожа е отсранета без никаква болка, нежно, безбедно и за рекордно кратко време!
Внимавајте на ефтини имитации кои брутално ја корнат вашата кожа и предизвикуваат болка!
Само со оригиналниот Find Back, вашите стапала и раце ќе бидат мазни, свилено меки и прекрасно убави и тоа во рекордно кратко време и гарантирано имате безбеден, удобен, чист и што е најважно, совршен педикир секогаш и секаде!
Со Find Back добивате и Manicure Pro Set, луксузниот сет за маникир кој секојдневната нега на ноктите ја претвора во вистинско уживање!
Manicure Pro Set ви овозможува професионална грижа за ноктите и со него секогаш изгледате уредно и негувано!
Во практична елегантна футрола се наоѓаат внимателно избрани алатки за беспрекорно одржување на ноктите на рацете и нозете.
Компактен и лесен за носење. Ставете го во чанта, ранец или куфер и носете ја вашата лична нега со себе насекаде. Одмор, викенд патување, канцеларија или дом – Manicure Pro Set секогаш е тука кога ќе ви затреба.
Изработен од квалитетни и издржливи материјали, овој сет е создаден да трае.
Со Manicure Pro Set заборавете на неуредните нокти и секогаш бидете подготвени за беспрекорен изглед.
пренослива мини ултразвучна машина за перење алишта + пренослива мини закачалка за сушење + специјално изненадување
1.980,00 ден
Замислете да можете да ги перете вашите алишта или садови каде и да сте, без потреба од голема машина, без долги циклуси и без трошење многу струја и вода.
Со Ultra Sonic Mini Wash Machine, мини ултразвучната машина за перење, тоа е возможно, дури и кога патувате!
Овој компактен, но фантастично моќен уред овозможува лесно и брзо перење со помош на ултразвучна технологија, која ги разградува честичките од нечистотија и маснотии, без оштетување на материјалите.
Ultra Sonic Mini Wash Machine може да се користи во различни ситуации – дома, на патување, во студентски домови, хотели или на кампување. Оваа машина е идеална за сите кои сакаат побрзо и поекономично решение за перење.
Се поставува на дното на садот, кофата, мијалникот или кадата, садот се полни со вода и се додадава мала количина детергент. По вклучување на уредот ултразвучните бранови продираат длабоко во ткаенината или површината на садовите, ефикасно отстранувајќи маснотии, бактерии и непријатни мириси.
Сè што ви треба е малку вода, малку детергент и моментално ќе имате чисти алишта или садови.
Ultra Sonic Mini Wash Machine го поедноставува и забрзува секојдневниот процес на перење, правејќи го навистина лесен и ефикасен.
Со мини ултразвучна машина за перење, нема потреба од долгите циклуси на класичните перални. Во рекордно време, облеката или садовите ќе бидат совршено чисти, без непотребен напор и без дополнителни трошоци.
Мини ултразвучната машина за перење работи тивко и ненаметливо, и може да ја користите во секое време од денот, без да ви го наруши одморот или спиењето. Совршена е за домови со мали деца, каде што е потребна мирна атмосфера.
Со мини ултразвучната машина за перење, можете да перете маици, фустани, долна облека, чорапи и други видови ткаенини, како и сите видови на садови. Оваа машина е совршена за секојдневни задачи, бидејќи ја прави работата многу поедноставна и побрза.
Идеална за сите што сакаат практичност! Оваа ултразвучна машина ви заштедува време, напор и ресурси, и го прави перењето полесно од кога било.
Со Ultra Sonic Mini Wash Machine добиватеи пренослива мини закачалка за сушење алишта Mini Cloth Dry, која доаѓа во комплет со штипки!
Оваа супер практична закачалка за сушење алишта можете да ја користите каде и да сте! Дома може да ја закачите во купатило, на тераса или во некоја друга просторија без да ви зазема место како класичните статични гломазни сталаци за сушење алишта.
Во овој сет добивате и уште едно уникатно изненадување! Ќе добиете на подарок уште еден неверојатно функционален, практичен и корисен производ кој совршено го надополнува денешниот комплет на производи
пренослив уред за отстранување на влакна + уред за обликување за веѓи + склопливо огледало
1.490,00 ден
Дали понекогаш забележувате несакани влакна на лицето – над устата, на брадата или на образите?
И кога сакате да изгледате уредно и негувано, токму тие ви го привлекуваат вниманието?
Дали секојдневно се соочувате со истата борба – пинцети, восок, креми за депилација… болка, иритација, црвенило… и повторно истото по неколку дена?
Lumi Touch Face е исклучително практичен пренослив уред за нежно, безболно и прецизно отстранување на несаканите влакна на лицето.
Идеален е за оние кои сакаат брзо, ефикасно и дискретно решение за несаканите влакна на лицето. Совршен е за жени кои сакаат секогаш да изгледаат негувано, без комплицирани процедури и без губење време.
Lumi Touch Face е компактен, лесен и пренослив. Неговиот елегантен дизајн потсетува на кармин – модерен, стилски и незабележлив. Можете да го користите дома…на работа…во автомобил…на одмор…буквално секаде. Едноставно го ставате во чанта, џеб или несесер и постојано ви е при рака кога и да ви затреба. А резултатот? Мазна, чиста, уредна и негувана кожа на лицето за само неколку секунди!
Lumi Touch Face има специјално дизајнирана ротирачка глава обложена со 18-каратно злато, која е хипоалергенска и нежна дури и за најчувствителната кожа. За разлика од класичните методи кои ја оштетуваат кожата, Lumi Touch Face користи напредна прецизна технологија која внимателно ги отстранува влакната без оштетување на кожата без иритации и без непријатност.
Но, Lumi Touch Face не е наменет само за жени! Неверојатно е практичен и за мажи. Мажите секојдневно го користат за обликување на брадата, отстранување на ситните влакненца на ушите, потстрижување на влакната во носот и на вратот, па дури и за обликување на брадата.
Едноставно Lumi Touch Face го користите кога сакате… дури и секој ден. Тоа значи секогаш мазна кожа, секогаш среден и негуван изглед, секогаш самоуверени. Секогаш кога ќе ви затреба – тој е тука.
Во овој комплет со Lumi Touch Face добивате и Lumi Touch Eye Brows пренослив практичен уред за прецизно обликување на веѓи. Lumi Touch Eye Brows ви дава совршено средени веѓи за само неколку секунди — без болка, без кубење, без одење во салон. Со неговата ротирачка глава обложена со 18-каратно злато Lumi Touch Eye Brows е погоден за сите типови кожа, а со вграденото LED светло можете да ги отстраните влакната и на тешко видливи места. Само го вклучувате, го држите како пенкало и брзо, безболно, нежно и прецизно ги отстранувате несаканите влакна помеѓу, над и под веѓите.... и за само неколку секунди добивате идеално обликувани, уредни и негувани веѓи секој ден, во секое време и на секое место.
Со Lumi Touch сетот добивате и MiniPocket Mirror - дискретно мини склопливо огледало кое совршено се надополнува со овие два производи! Ова дискретно склопливо огледало секогаш е со вас и може да го користите како дома, така и на било кое друго место. Со него многу полесно ќе ги отстраните несаканите влакна на лицето и ќе ги обликувате веѓите во секое време и на секое место.
очила со прилагодлив оптички фокус + анатомска потпора и масажер за грб
1.590,00 ден
Дали ви се случува постојано да менувате очила – едни за читање одблизу, други за работа на компјутер, па трети за гледање подалеку? Дали сте уморни од тоа постојано да носите неколку пара очила со себе?
Сега постои решение што ќе ги замени сите тие очила! Flex Focus One Power се револуционерни очила за читање и гледање одблизу или на средно растојание, кои автоматски се прилагодуваат на вашите потреби!
Благодарение на иновативната технологија на научно докажаниот флексибилен оптичи фокус, овие очила автоматски го прилагодуваат фокусот на вашите очи, овозможувајќи ви секогаш да го имате најдобриот и најјасниот поглед.
Flex Focus One Power очила имаат флексибилни, но и издржливи рамки, кои траат со години. Тие не се лесно кршливи, ниту лесно се гребат!
Нивниот дизајн е истовремено класичен и модерен, што ги прави погодни за сите возрасти и стилови.
Овие очила изгледаат одлично на секого и се погодни како за мажи така и за жени!
Едни очила се сè што ви треба!
Во овој сет, покрај двата пара очила го добивате и феноменалниот Flex Back Perfect – анатомска потпора и масажер за грб, кој совршено се прилагодува на вашиот ‘рбет, обезбедувајќи анатомска поддршка за правилно и удобно седење, со што се елиминира напнатоста и притисокот врз половината и нема повеќе згрченост и болки при седењето.