ротирачка метла со вградена лопатка + ролер за чистење на мебел + специјално изненадување
1.990,00 ден
Дали и вие секојдневно се соочувате со ист проблем? Само што сте исчистиле… И повторно – трошки на подот. Истурена храна. Влакна од миленици. Песок, прашина, неред.
И тогаш си велите: „За ова ли повторно да ја вадам правосмукалката?“ Тешка, бучна и одзема време! А рачното метење никогаш не собира сè, секогаш нешто останува надвор од лопатката!
Но што ако ви кажеме дека постои многу попаметно решение?
Запознајте го ROTO SWEEP – револуционерната ротирачка метла со вградена лопатка за прашина, која го менува начинот на чистење засекогаш.
Со Roto Sweep, чистењето станува брзо, едноставно и без напор. Толку е практична што моќта за чистење ја имате буквално на дланка.
Погодна е за трошки, прашина, влакна од миленици, песок, храна и друг сув или влажен неред. Без кабли, без кеси и без батерии – секогаш е подготвена за употреба. Безбедна е за плочки, мермер, линолеум и дрвени подови, без гребење и оштетување.
Roto Sweep не е обична метла, туку секојдневно решение за чист дом без напор!
Со Roto Sweep добивате и Furniture Clean Roll – практичен ролер за секојдневно чистење на мебелот. Furniture Clean Roll ефикасно ги отстранува влакната, нечоистотијата и трошките од вашиот мебел во домот. Идеален за секојдевна употреба во секој дом. Со него за неверојарно кратко време речиси без никаков напор вашиот мебел е чист и уреден!
Овој сет вклучува и специјално изненадување – практичен и корисен производ!
мултифункционална електрична безжична четка за чистење + Био Клин Актив 450 гр. + гел за мувла
1.490,00 ден
Дали сте веќе уморни од бескрајното чистење, триење со сунѓер и секогаш имате нешто испуштено? Садовите, шпоретот, рерната, плочките, бањата се и понатаму недоволно исчистени?
Magic Brush 5 во 1 е мултифункционална, електрична, безжична четка дизајнирана да го олесни и убрза чистењето во вашиот дом!
Совршена е за сите површини во домот – од кујната до бањата!
Никогаш повеќе нема да губите време и напор при чистење на загорените маснотии од рерната, на масните површини на шпоретот, или на бигорот кој се наталожил на плочките.
Magic Brush комбинира пет различни функции за чистење во една целина. Со неа лесно и ефикасно можете да чистите различни површини – од садови и мијалник, до шпорет, рерна, плочки и многу повеќе!
Изработена е од висококвалитетен ABS материјал, издржлива е и истовремено лесна за носење.
Magic Brush има ротирачката глава која работи со неверојатни 360 вртежи во минута!
Заборавете на триење со сунѓер и груби хемикалии – Magic Brush го прави чистењето побрзо, поефикасно и без напор!
Со моќниот мотор и брзите ротации, секоја дамка, бигор или загорена маснотија исчезнува за неколку секунди.
Magic Brush е целосно безжична и може да ја користите насекаде во домот, но и надвор од него! Без заплеткани кабли и непотребни компликации – само наполнете ја со УСБ кабел и подготвена е за акција!
Magic Brush ефикасно ги чисти сите површини во вашиот дом: кујна, бања, подови, плочки и многу повеќе. Не само што е идеална за миење садови и мијалник, туку и за чистење на загорени дамки, остатоци од сапун, и за уништување на бигорот и мувлата кои обично се наталожуваат на влажни површини.
Со Magic Brush добивате чистење кое е 3 пати побрзо и 5 пати поефикасно!
Со Magic Brush добивате и едно пакување Bio Clean Active од 450 грама универзално, ултра ефикасно, природно средство за чистење на сите површини!
Bio Clean Active е природно средство за чистење кое ќе ги отстрани сите дамки и нечистотија од вашите површини, без никакви хемиски агенси, и е совршен за вашето здравје и околината.
И како што Magic Brush може да го носите со вас каде и да одите, исто така и ова практично и компактно пакување на Bio Clean Active може да го носите со вас и ефикасно да го исчистите било кој простор во кој одите, било да е тоа вашата викендица, вашата канцеларија или некој друг простор.
Во овој сет добивате и уште еден специјален подарок – неверојатниот Mold Gel гел за отстранување мувла! Овој гел неверојатно ефектно ја отстранува мувлата на места каде што се појавила. Направен е со еколошка формула, не е токсичен, не е корозивен и не е опасен по здравјето!
универзална безжична електрична четка за чистење + Био Клин Актив 450 гр. + гел за мувла
2.490,00 ден
Ова сигурно ви е многу добро познато. Чистите и триете со часови и на крај како ништо да не е вистински чисто. Наместо тоа, имате ужасна болка во грбот. А сакате да имате убав, чист дом без да го напрегате грбот додека чистите. Ги бришете плочките клекнати на колената, или макотрпно чистите со скапи хемикалии со непријатен мирис?
Hurricane Spin Scrubber! Електрична, безжична, водоотпорна, лесна, практична и ултраефикасна четка за чистење на сите површини во домот!
Hurricane Spin Scrubber може да го користите апсолутно на секоја површина, чисто, лесно, неверојатно ефикасно и брзо.
Ефикасноста на Hurricane Spin Scrubber е во неговите три илјади совршено дизајнирани влакна на четката кои без напор ја отстрануваат дури и најтврдокорната нечистотија и тоа со сензационални тристостини вртежи во минута.
Hurricane Spin Scrubber неверојатно го скратува времето на чистење и воопшто не се заморувате, само гледате како нечистотијата едноставно исчезнува.
Hurricane Spin Scrubber го добивате со три различни четки!
Со конусната четка тесните фуги и ќошиња стануваат комплетно чисти за неколку секунди.
Заоблената четката во форма на купола е идеална за мијалници, кади и туш кабини.
А третата екстра широка рамна четка е идеална за подови и ѕидови. Дури и големите незгодни стакла на туш кабината сега веќе не се проблем.
Со три заменливи четки и практичен продолжен држач, стигнете до секој агол без клекнување и истегнување.
Благодарение на неговата висококвалитетна, долготрајна вградена батерија, не мора да купувате батерии или да се мачите со продолжните кабли. Едноставно приклучете го Hurricane Spin Scrubber во штекерот за да се полни. Едно полнење е доволно да го исчистите целиот дом.
Ова е единствената алатка што сите треба да ја имаат, со неа чистите со нула напор и за половина од времето!
Исчистете ја секоја површина во домот лесно, брзо и ефикасно!
Со Hurricane Spin Scrubber добивате и едно пакување Bio Clean Active од 450 грама универзално, ултра ефикасно, природно средство за чистење на сите површини!
Bio Clean Active е природно средство за чистење кое ќе ги отстрани сите дамки и нечистотија од вашите површини, без никакви хемиски агенси, и е совршен за вашето здравје и околината.
Во овој сет добиватеи уште еден специјален производ – неверојатниот Mold Gel гел за отстранување мувла! Овој гел неверојатно ефектно ја отстранува мувлата на места каде што се појавила. Направен е со еколошка формула, не е токсичен, не е корозивен и не е опасен по здравјето!
пренослива мини ултразвучна машина за перење алишта + пренослива мини закачалка за сушење + специјално изненадување
1.980,00 ден
Замислете да можете да ги перете вашите алишта или садови каде и да сте, без потреба од голема машина, без долги циклуси и без трошење многу струја и вода.
Со Ultra Sonic Mini Wash Machine, мини ултразвучната машина за перење, тоа е возможно, дури и кога патувате!
Овој компактен, но фантастично моќен уред овозможува лесно и брзо перење со помош на ултразвучна технологија, која ги разградува честичките од нечистотија и маснотии, без оштетување на материјалите.
Ultra Sonic Mini Wash Machine може да се користи во различни ситуации – дома, на патување, во студентски домови, хотели или на кампување. Оваа машина е идеална за сите кои сакаат побрзо и поекономично решение за перење.
Се поставува на дното на садот, кофата, мијалникот или кадата, садот се полни со вода и се додадава мала количина детергент. По вклучување на уредот ултразвучните бранови продираат длабоко во ткаенината или површината на садовите, ефикасно отстранувајќи маснотии, бактерии и непријатни мириси.
Сè што ви треба е малку вода, малку детергент и моментално ќе имате чисти алишта или садови.
Ultra Sonic Mini Wash Machine го поедноставува и забрзува секојдневниот процес на перење, правејќи го навистина лесен и ефикасен.
Со мини ултразвучна машина за перење, нема потреба од долгите циклуси на класичните перални. Во рекордно време, облеката или садовите ќе бидат совршено чисти, без непотребен напор и без дополнителни трошоци.
Мини ултразвучната машина за перење работи тивко и ненаметливо, и може да ја користите во секое време од денот, без да ви го наруши одморот или спиењето. Совршена е за домови со мали деца, каде што е потребна мирна атмосфера.
Со мини ултразвучната машина за перење, можете да перете маици, фустани, долна облека, чорапи и други видови ткаенини, како и сите видови на садови. Оваа машина е совршена за секојдневни задачи, бидејќи ја прави работата многу поедноставна и побрза.
Идеална за сите што сакаат практичност! Оваа ултразвучна машина ви заштедува време, напор и ресурси, и го прави перењето полесно од кога било.
Со Ultra Sonic Mini Wash Machine добиватеи пренослива мини закачалка за сушење алишта Mini Cloth Dry, која доаѓа во комплет со штипки!
Оваа супер практична закачалка за сушење алишта можете да ја користите каде и да сте! Дома може да ја закачите во купатило, на тераса или во некоја друга просторија без да ви зазема место како класичните статични гломазни сталаци за сушење алишта.
Во овој сет добивате и уште едно уникатно изненадување! Ќе добиете на подарок уште еден неверојатно функционален, практичен и корисен производ кој совршено го надополнува денешниот комплет на производи
пренослива маса на преклопување + ЕМС масажер за нозе и стапала
1.980,00 ден
Многу често дома имате потреба од помошна маса, или маса што сакате да ја движите во дневна, работна или детска соба.
Table Mate Express подвижна маса на преклопување е идеална за секое домаќинство!
Масата Table Mate Express флексибилно се прилагодува на секоја ситуација за да имате сè при рака!
Благодарение на нејзиниот одличен дизајн со двојно L, може да се постави на било кое место во домот онака како што ви е потребно.
Оваа практична пренослива маса се користи универзалнo, при што висината и наклонот се прилагодливи во неколку чекори.
Table Mate Express нуди 3 индивидуални агли на навалување и 6 различни поставки за висина!
Со вкупно 18 индивидуални опции за поставување, таа совршено се прилагодува на вашите барања.
Без разлика дали се релаксирате и гледате телевизија, пишувате, играте карти - Table Mate Express е вашиот идеален придружник.
Идеална е и за деца, бидејќи масата „расте“ со нив.
Заедно со Table Mate Express, го добивате и Legs & Foot Relax ЕМС масажерот, кој можете да го ставите под масата за идеална релаксација.
Legs & Foot Relax масажер е неверојатно лесен и едноставен за употреба. Седнувате и ги ставате стапалата на него, вклучувате, избирате еден од осумте начини на масажа, го подесувате саканиот интензитетот и уживате!
Со Legs & Foot Relax масажер за нозе ќе заборавите и на воспалените и проширени вени, на грчевите, на болките, отоците и трнењата во нозете и стапалата.
Уште од првиот момент ќе се чувствувате релаксирано! Ќе бидете повитални и поактивни преку ден и ќе имате поквалитетно спиење без грчеви, трнења и болки преку цела ноќ.
Колку пати сте се нашле во ситуација како оваа? Сечете зеленчук, лупите овошје, готвите... и наеднаш – се е расфрлано!
Лушпи од компир, остатоци од зеленчук, марамчиња, кесички, парчиња храна кои се за фрлање, кантата за ѓубре е далеку, а грбот ве боли од постојаното наведнување.
Кујната е хаотична и неуредна!
Сакате кујната и работната површина постојано да се уредни, чисти и организирани додека готвите, да нема хаос, да не е се расфрлано и да не морате безброј пати да собирате остатоци и да се навенувате или да одите до кантата за ѓубре!
Attach-A-Trash е извонреден производ, создаден за сите што сакаат да ја поедностават секојдневната рутина.
Attach-A-Trash е иновативен држач за кеси за отпад кој се прикачува директно на вратата или фиоката на кујнскиот елемент!
Со него, нема веќе ќеси закачени на рачки, канти на подот што мора постојано да се отвораат и празнат, или непријатен мирис што се шири низ кујната.
Едноставно го прикачувате директно на вратата или фиоката на кујнскиот елемент без монтажа, без алати, без бушење и со ставање на обична кеса за отпад за само неколку секунди имате неверојатно практично и корисно решение за отпадоци со сопствен капак, кое постојано ви е на дофат! Сите лушпи, кори, остатоци многу лесно паѓаат директно во неа, без расфрлање и без да се поместувате од работната површина.
Изработен е од цврста и лесна пластика, отпорна на влага и маснотии.
Attach-A-Trash држачот лесно се чисти, може повторно да се користи и не зафаќа речиси никаков простор.
Attach-A-Trash е дизајниран за сите кои сакаат уредна, чиста и функционална кујна.
Но, Attach-A-Trash не е само за кујната, можете да го користите и во секоја друга просторија – во купатило, во детска соба, во работна соба, во гаража, па и на одмор, во викендица или на кампување!
Со Attach-A-Trash секој простор околу вас, каде и да ви е потребно, секогаш е чист, уреден и функционален!
Со нашата специјална понуда добивате два Attach-A-Trash подвижни држачи за кеси за отпад!
Со сетот од два Attach-A-Trash добивате иComfort Kitchen Towel Set - сет од три неверојатно практични и удобни фротирни кујнски крпи!
Comfort Kitchen Towel Set е вистинско практично и секојдневно решение за удобност и хигиена во кујната и домот. Фротирните крпи се изработени од мек, пријатен и високо впивлив материјал кој брзо ја апсорбира влагата. Материјалот е нежен кон кожата и овозможува пријатно сушење по секоја употреба.
Сетот е погоден за секојдневна употреба во кујната, но и во бањата, дома или при патување.
Comfort Kitchen Towel Set е мултифункционален и практичен сет кој секогаш ви е корисен за различни потреби. Лесни се за одржување и брзо се сушат.
Comfort Kitchen Towel Set нуди функционалност и практичност во едно и е едноставен, корисен и незаменлив дел од секој дом.
електромагнетен уред против штетници и инсекти 1+1 + магнетна мрежа против инсекти
1.690,00 ден
Дали во вашиот дом наидувате на лебарки, бубачки и инсекти? Во кујна, во купатило, по ѕидовите? Во близина на храната, на вашите деца и домашните миленици? Дали можеби се појавуваат и глувци?
Тоа е страшно! И што правите? Користите опасни хемиски средства, а дома имате деца, храна и домашни миленици, и не сте сигурни дали ќе ја постигнете целта.
Pest Reject Riddex Pest Repeller e неверојатно ефикасен електромагнетен уред против лебарки, бубачки, пајаци, глувци и сите видови инсекти!
Уредот користи дигитална технологија базирана на електромагнетни импулси кои пренесуваат преку жиците во ѕидовите на вашиот дом и на тој начин стигнуваат до местата каде живеат и се размножуваат лебарки, бубачки и други инсекти. Токму под дејство на овие импулси инсектите засекогаш ќе го напуштат вашиот дом.
Други слични уреди работат на батерии кои треба да се менуваат често. Pest Reject Riddex Pest Repeller ја користи електричната инсталација во вашиот дом. Работи 24 часа на ден, 365 дена во годината за да ве заштити вас и вашето семејство.
Само приклучете го уредот во штекерот и заштитете ги вашиот стан, куќа или деловен простор.
Pest Reject Riddex Pest Repeller е апсолутно безбеден и слободно може да се користи во близина на деца и домашни миленици.
Во овој сет, покрај двата уреда против штетници, ќе добиете и Magic Mesh, мрежа против инсекти. Magic Mesh е магнетна мрежа за прицврстување против инсекти што се прикачува на рамката на вратата, без да остава никакви траги. Со тоа, само свеж воздух ќе влезе во вашиот дом. Тајната е во прозрачната ткаенина од мрежа што не дозволува инсектите да влезат во вашиот дом! Ги спречува досадните муви, комарци и други инсекти да влезат во вашиот дом.
Се прикачува за само неколку минутки, без никакви алатки - заштитете се од штетниците на време!
Безбедно уживајте како во домот, така и на терасата или во дворот, без лебарки, бубачки, глувци, но и без здодевните муви, комарци, оси и други инсекти!
безжичен електричен чистач за прашина + ароматизер за внатрешни простории
1.290,00 ден
Прашината е едноставно насекаде. Бришењето прашина е мачна работа! Постојано преместувате, бришете со влажни крпи, исцрпувачи е и трае со часови. Застарените бришачи со пердуви само ја разнесуваат прашината и ви прават уште поголем неред. Кашлате, кивате, имате алергија на прашина, но нема друг избор, мора да се чисти. И секој ден истото. Ова е навистина напорно!
Spin Duster – безжичен електричен чистач за прашина!
Со новиот Spin Duster се одстранети сите недостатоци на добро познатиот пердувест прашко.
Spin Duster користи статички електрицитет во комбинација со дејство на вртење и кога бришете прашина неговите илјадници ротирачки и електростатички влакна не ја разбрануваат прашината наоколу, туку ја собираат како магнет.
Едноставно притиснете го копчето и ќе почне да се врти.
Лесен е, совршено избалансиран и целосно е безжичен, така што е лесен за употреба.
Тој автоматски ја врши работата за вас. Со Spin Duster бришењето прашина е брзо, лесно и забавно!
Spin Duster е целосно прилагодлив на секоја површина, без оглед на нејзината форма. Без разлика дали се работи за деликатен мебел, високи полици или тешко достапни места, Spin Duster ќе ја собере прашината без да ја распрска наоколу.
Со него ќе дишете полесно, бидејќи не создава прашина во воздухот.
Кога ќе завршите, само исплакнете го под млаз вода, а откако ќе се исуши едноставно е како ново!
Со Spin Duster бришењето прашина е вистинско задоволство!
Со Spin Duster добивате и мини четка со електростатички влакна која е совршена за чистење на помали и потешко достапни места. Таа е идеална за тастатури, телефони, па дури и за внатрешноста на автомобилот.
Во овој комплет добивате и долга рачка со која лесно ја собирате прашината од високите тешко достапни места! Со долгата рачка за тешко достапни места ќе имате пристап до секој агол од вашиот дом или канцеларија.
Со овој сет на производи го добивате и фантастичниот Fresh Air - неверојатно пријатен ароматизер за внатрешни простории со кој ќе чувствувате чистота и долготрајна свежина на воздухот во вашиот дом!
рачна машина за шиење + сет за шиење-комплет конци + специјално изненадување
1.380,00 ден
Дали во најнезгодниот момент ви се случило да ви се отпара кошулата, здолништето или ранецот?
Hаndy Stitch е вашата лична, рачна машина за шиење која ви овозможува да сошиете сè брзо и лесно!
Да порабите, да зашиете дупка или да закрпите расшиен раб на лице место!
Совршена е за поправки во движење и можете да ја носите со себе насекаде.
Hendy Stich е најмалата, пренослива и неверојатно практична рачна машина за шиење, која работи брзо и ефикасно.
Hendy Stich е толку лесна за употреба што секој може да шие со неа!
Со Hаndy Stitch вашиот живот станува многу поедноставен и удобен!
Рачната машина за шиење работи со батерии, што ја прави апсолутно пренослива!
Без разлика дали сте дома, на патување, во автомобилот или дури и на кампување, оваа компактна и лесна машина е секогаш со вас.
Hаndy Stitch е идеална за сите кои сакаат да заштедат време, да го избегнат стресот од големите машини и да уживаат во практично шиење насекаде и во било кој момент!
Со Handy Stitch рачната машина за шиење, добивате и комплет од конци за шиење во различни бои, кои ќе ви бидат секогаш при рака за поправка на облеката или изработка на декоративен детал со прецизност и стил. Овој комплет ќе ви обезбеди богата палета на бои за секоја потреба и намена.
Овој сет вклучува и специјално изненадување - практичен и корисен производ!
Сакате да ви биде топло во ладните простории, а притоа да не ви се зголеми сметката за струја? Како да се затоплите?
Handy Heater е пренослива греалка која едноставно се вклучува во ѕиден штекер и неверојатно брзо ја загрева целата просторија!
Handy Heater за многу кратко време ладните простории ги претвора во топли и угодни на многу економичен начин и при тоа штеди струја.
Handy Heater ефикасно загрева простор до 25 метри квадратни, што го прави совршена греалка за било која просторија во вашиот дом, но и за патување, канцеларии, студентски домови и хотелски соби.
Handy Heater е многу моќна пренослива греалка која за разлика од големите греалки не зазема простор и не прави високи сметки за струја.
Стандардните греалки се големи и заземаат премногу простор. Постојано се сопнувате на нив и се многу жешки на допир, а трошат и многу струја.
За разлика од нив Handy Heater е компактен, мал и не зазема простор, а дава неверојатна топлина при што штеди струја. Неговото куќиште не се загрева и не е жежок на допир. Handy Heater има и автоматски тајмер и автоматско гаснење. Ќе сакате да го имате секаде!
Со помош на прилагодливиот термостат со лед дисплеј постојано имате точна контрола на температурата, а вентилаторот со две брзини овозможува ефикасна циркулација на топлиот воздух и ви дава пријатно чувство на топлина во било која просторија во вашиот дом.
За да ви биде топло и пријатно во студените зимски денови - eдноставно Handy Heater!