Карактеристики на производот:
BIO AID cinnamon herbal paste е производ наменет за регулирање на шеќерот во крвта. Станува збор за 100% природен органски производ, односно уникатна билна мешавина во чиј состав нема шеќер, масти и гликоза. Оваа паста ги има сите потребни сертификати како доказ дека е потоплно природен производ кој може да се користи безбедно. Нема никакви несакани дејства и компликации.
Овој природен органски производ претставува уникатна органска мешавина од сируп од калинка, цимет, шипка, лупин и мајчина душица кои како комбинација делуваат многу силно.
Сируп од калинка – Калинката е едно од најстарите овошја познати на човекот. За нејзината употреба постојат записи во повеќе култури и религии, во кои калинката била почитувана како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Исто така, постојат повеќе студии кои го потврдуваат благотворното дејство на калинката врз кардиоваскуларниот и нервниот систем, како и врз коските. Тоа произлегува оттаму што калинката е богат извор на витамин Б5, калиум, алагитанин и флавоноиди. Исто така, 100 грама калинка содржат 16% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц. Понатаму, калинката содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето серотонин и естроген во организмот. Според клиничките испитувања, материите што ги содржи само калинката – пуницалагините – влијаат поволно врз срцето и крвните садови. Маслото од калинка има естрогенски, антивоспалителни и антимикробни својства бидејќи содржи пуницинична и елагична киселина.
Цимет – Циметот има долга историја на употреба во традиционалната медицина како помагало за варење. Клиничките испитувања покажуваат намалување на плазматската гликоза (зголемен шеќер) на гладно и неконзистентни ефекти врз хемоглобинот A1C (HbA1c, индикатор за хронично покачена плазма гликоза).
Шипка – Овошјето се одгледува или расте во дивината и изоилува со витамин Ц од неговиот плод.
Лупин – Лупинот е мешунка богата со растителни влакна и протеини. Додавањето лупин во храната може да ја намали гликемијата кај лица со дијабетес тип 2.
Мајчина душица – (Thymus serpyllum) покажува антидијабетички потенцијал во лекување на дијабетес тип 2 и има позитивен ефект во намалување на покачениот шеќер во крвта.
Хибискус – Хибискусот е грмушесто едногодишно растение. Цветовите се користат за правење лекови. Хибискусот се користи за лекување на губење на апетит, настинки, срцеви и нервни заболувања, болка и оток на горниот респираторен тракт (воспаление), задржување на течности, иритација на желудникот и нарушувања на циркулацијата, за растворање на флегма, како нежен лаксатив, и како диуретик за зголемување на излачувањето на урината и има определено позитивно влијание на состојбата на покачен шеќер во крвта.
Состав:
Сируп од калинка, цимет 10%, хибискус, шипка, лупин и мајчина душица.
Начин на употреба:
Земајте по една мала лажичка од производот 20 минути пред секој оброк: појадок, ручек и/или вечера. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за урамнотежена, разновидна исхрана и здрав начин на живот. Не треба да се надминува препорачаната дневна доза. Да се чува подалеку од мали деца.
Начин на чување:
Да се чува на собна температура.
Препораки:
Овој производ е хербален природен производ, не претставува замена за лек.
Пакување: 400 грама.
Рок на траење:
Втиснат на амбалажата
Reviews
There are no reviews yet.