Kарактеристики на производот:
Чистењето на дворот, патеката, автомобилот или надворешните површини кога користите обично црево може да биде навистина фрустрирачко.
Со слаб притисок на вода и голем физички напор, овој процес е здодевен и исцрпувачки. Наместо да сте задоволни од резултатите, честопати сте нервозни затоа што не успевате исчистите како што сакавте, а сте потрошиле многу време.
Водата од обичното црево не стигнува на сите места, а валканите и прашливи површини остануваат недоволно измиени.
Со обичното црево, дури и наједноставните задачи се предизвик, а резултатот за жал, не е она што го очекувавте.
S-Jet пиштолот за вода е вистинска револуција во светот на домашното чистење и одржување на дворовите и возилата!
Без разлика дали сакате, да ги исчистите плочките или патеката во дворот, да ја измиете оградата или повисоките делови од вашата куќа, да го измиете автомобилот или пак да го наводнувате тревникот, со S-Jet се ова го завршувате лесно и ефикасно.
S-Jet самостојно го зголемува притисокот на водата и ви овозможува неверојатно лесно миење!
Со осум различни млазници, овој иновативен пиштол за вода ви дава неограничени можности за користење! Со само еден инструмент ги завршувате сите задачи!
Со него многу лесно ја наводнувате вашата градина или тревник, но лесно, брзо и ефикасно го миете дворот или патеката, оградата, автомобилот, дури и повисоките делови од вашата куќа.
S-Jet пиштолот за вода има и вграден резервоар за детергент, па со него можете темелно да чистите под висок притисок. Сега нема потреба од дополнителни скапи машини за перење под притисок. Сè што ви треба е S-Jet!
S-Jet функционира многу едноставно!
Го поврзувате со вашето црево, потоа со поместување на рачката го активирате пиштолот и почнувате со чистење. Ротирајте ја главата на пиштолот за да ја изберете саканата млазница и тоа е тоа! Подготвени сте за работа.
S-Jet самостојно го зголемува притисокот на водата и нема потреба од дополнителен напор.
Ако сакате да додадете детергент за потемелно чистење, само наполнете го вградениот резервоар за детергент и продолжете да работите.
Млазницата која се користи за чистење под висок притисок совршено ги отстранува најтврдокорните нечистотии, како што се маснотиите и прегорените материјали на патеката или на плочките во дворот.
Со S-Jet, можете да ги исчистите сите површини во вашиот дом и двор, за само неколку минути. Се што треба да направите е да го поврзете со цревото, да го активирате, да изберете млазница и да започнете со работа.
Брзо, лесно и ефикасно ги миете сите видови на површини, бетонски патеки и плочки до керамички плочки, ограда, возила, дури и фасадата на вашата куќа.
Овој пиштол е идеален и за наводнување на тревникот, цвеќињата или градината. Само свртете ја главата и изберете ја соодветната млазница.
Со осум различни млазници кои можете да ги прилагодите, S-Jet е совршен за чистење на сите видови на површини – од огради, врати, прозорци, па сè до вашите олуци и тераси.
Неговата моќност за чистење под висок притисок е токму она што ви треба за да ги отстраните сите тврдокорни нечистотии кои не може да ги отстраните со обичен пиштол за вода или со рачно чистење.
Лесен за употреба, со квалитетна издржлива конструкција и практичен дизајн, S-Jet е идеален за секое домаќинство.
Во комплет со S-Jet пиштолот за вода добивате и Easy Sun Hat вашиот омилен летен додаток каде и да одите!
Оваа лесна и удобна капа е исклучително пријатна за носење во жешките летни денови. Easy Sun Hat ви дава пријатна сенка на лицето и ефикасно ве штити од летното сонце. Изработена е од лесен и дишлив материјал и не создава дополнителна жештина дури и при долготрајно носење.
Во топлите летни денови Easy Sun Hat е совршен и незаменлив додаток за секојдневни прошетки, патувања, плажа, планинарење, кампување, одмор покрај вода и секојдневни активности на отворено.
Едноставен за одржување, не ја губи формата при долготрајна употреба и не создава чувство на непријатност дури и кога се носи повеќе часови во текот на денот.
Практичниот дизајн на Easy Sun Hat овозможува лесно комбинирање со различни стилови на облека, додека изгледот одговара на сите генерации.
Лесен за носење и комбинирање со очила за сонце и други летни аксесоари Easy Sun Hat е задолжителен додаток за секој што сака да ужива во летото. Идеален е за луѓе кои често се во движење и сакаат едноставно и удобно решение за заштита од сонце.
Во овој комплет добивате и еден пар Sun Luxe View очила за сонце за максимална заштита и совршен комфор на вашите очи!
Дали сте подготвени да го доживеете сонцето на сосема нов начин?
Sun Luxe View очилата го елиминираат отсјајот на сончевата светлина од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата. Со нив гледате чисто и јасно, не ви пречи ниту сонцето ниту отсјајот и не ги напрегате очите. Со Sun Luxe View очилата имате целосна UV 400 заштита! Вашите очи се максимално безбедни и заштитени од UVA и UVB зраци дури и за време на најинтензивното сончево зрачење.
Освен што обезбедуваат сигурна заштита во текот на целиот ден Sun Luxe View очилата веднаш привлекуваат внимание и внесуваат доза на луксуз, самодоверба и стил во секој ваш ден.
Рамката е издржлива, лесна и флексибилна и се максимално пријатни за секојдневно долго носење.
Нивниот дизајн ги прави погодни и за мажи и за жени од сите возрасти. Непречено прилегаат на различни форми на лице и совршено се комбинираат со секој стил на облекување и во секоја прилика. Со впечатлив и модерен дизајн, Sun Luxe View се вистински избор за сите кои сакаат да изгледаат елегантно и атрактивно.
Лесни, удобни и неверојатно атрактивни Sun Luxe View се идеални за прошетки,возење, патувања, плажа и сите активности на сонце.
Sun Luxe View очила – модерен изглед и сигурна заштита на очите во сончевите летни денови.
И на крај добивате и Chill Mate Instant Cooling Towel феноменална крпа за разладување!
Chill Mate крпата за разладување е дизајнирана на сосема природен начин да ја намали температурата на кожата и телото за неколку степени и едноставно ви е неопходна во летниот период на големи горештини.
Потребно е само да ја намокрите крпата со вода и таа веднаш станува многу постудена од надворешната температура, додека на допир се чувствува сува.
Ја ставате околу вратот и уживате во пријатно разладување и свежина во секое време, каде и да одите!
Chill Mate ја задржува влагата неколку часа, а ефектот на разладување се одржува цело време. Потоа за да го вратите ефектот на разладување за наредни неколку часа, едноставно повторно намокрете ја крпата.
Chill Mate може да ја користите, како надвор така и дома. Каде и да сте секогаш сте пријатно разладени и освежени. Без разлика дали сте дома, на прошетка, во градината, на базен, на плажа, на скара, додека готвите, јадете или спортувате.
Идеална е како за возрасни така и за деца, апсолутно безбедна и погодна за лица со чувствителна кожа.
Направена е од високотехнолошки материјал, се пере во машина за алишта и останува ефикасна и по долготрајна употреба.
Освен за разладување Chill Mate е неверојатно корисна и за елиминирање на замор и болки. Само завиткајте ја околу раката, ногата, главата и ќе почувствувате моментално олеснување.
Сетот содржи:
1 x S-Jett
1 x Sun Luxe View
1 x Easy Sun Hat
1 x Chill Mate









































Reviews
There are no reviews yet.